14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Од 19 мај нови правила за влез во Австрија

По олеснувањето на епидемиолошките мерки, од 19 мај ќе важат нови правила за влез во Австрија.

Министерството за внатрешни работи во моментот работи на адаптирање нова регулатива во врска со правилата за влез во земјата, која исто така вклучува и сертификати за вакцинација.

Беше најавено дека новата регулатива ќе се фокусира на класификацијата на ризичните региони врз основа на списокот на Европската здравствена агенција ЕЦДЦ.

За влез во Австрија ќе има има три категории во иднина: влез од зелено категоризирани земји, за кои нема да важат никакви предуслови, и влез од црвени или портокалови земји, за кои ќе биде воведена обврската да имаат доказ за вакцинација, прележана зараза или негативен тест.

Ако некој дојде во Австрија од темноцрвени региони, ќе мора да има со себе еден од овие три документи и ќе мора дополнително да оди во карантин.

Во моментот туристите не може да влезат во Австрија, туку само лица со престој заради работа или од семејни и хуманитарни причини, со негативен ПЦР или антигенски тест, како и десетдневен карантин, што може да се прекине најрано на петтиот ден од изолацијата со негативен тест.

Спонзорирано: