10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Наместо вакцина, давала натриумхлорид, признала дека ѝ се скршило шишето

Вкупно 22 лица во Германија ќе треба повторно да се вакцинираат бидејќи, наместо вакцината на „Бионтек-Фајзер“, тие примиле само инфузиски раствор на натриумхлорид.

Една медицинска сестра им вшприцала натриумхлорид наместо вакцина, што се докажало со соодветна анализа на антитела, пренесува радиото „Норддојче рундфунк“.

Истрагата е спроведена откога медицинска сестра од центарот за вакцинација во Шортенс признала дека наполнила шест шприца со натриумхлорид наместо со вакцина.

Таа рече дека при подготовката ѝ паднало и ѝ се скршило едно шише вакцина, што сакала да го забошоти.

Поради тој обид за прикривање, повеќе од 100 луѓе биле подложени на анализа на антитела за да се утврди кој не добил вакцина.

Спонзорирано: