10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Две дози вакцина во Македонија примиле 23.000 граѓани

Речиси 110.000 граѓани во Македонија се вакцинирани против коронавирус, а од нив 23.000 примиле две дози, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека сите граѓани што се пријавиле на vakcinacija.mk заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат.

Филипче рече дека сѐ поголем е интересот на граѓаните што се пријавуваат на vakcinacija.mk и апелира дека тоа е најпрактичниот механизам да се стигне до соодветен термин за вакцинација.

„Во однос на процесот на вакцинација, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 се граѓани што се и ревакцинирани. Оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден во сите пунктови во државата продолжува и во текот на оваа недела. Денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на ‘Фајзер’, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите, донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај и во согласност со сите тие најави ние го правиме и распоредот за делење на вакцините во пунктовите“, изјави министерот.

Спонзорирано: