3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКА

Голема катастрофа се заканува на земјата- јадро од кинеската ракета тешко 21 тон може да падне на населено место

Дел од ракетата што го лансираше првиот кинески модул за вселенската станица Тијанх паѓа на Земјата, а не е познато на која локација на планетата може да падне.

Голема катастрофа се заканува да се случи на 8 мај, бидејќи јадрото на лансираната кинеска ракета оди неконтролирано кон Земјата и постои можност таа да влезе во атмосферата. Се стравува дека иако површината на Земјата сочинува 71 процент од водните површини, јадрото на ракетата сепак да падне на населено место.

По успешното започнување на склопувањето на кинеската вселенска станица и поставувањето на модулот „Тијанхе“ во орбитата на 29 април, јадрото на ракетата „Долг марш-5Б“ започна неконтролирано да паѓа кон земјата.

По неколку неуспешни обиди да се обезбеди нејзино враќање на Земјата, 30-метарското ракетно јадро сега се заканува да влезе во атмосферата на Земјата во наредните денови. Научниците веруваат дека поголемиот дел ќе гори во атмосферата, но дека сепак постои реална опасност некои делови од ракетата да преживеат и да паднат на Земјата.

Во мај 2020 година, се случи слична ситуација кога најголемиот дел од јадрото на истата ракета изгоре во атмосферата. По тој повод, некои делови завршија во Атлантскиот Океан, но и во населени места на Брегот на Слоновата Коска. За среќа, тогаш никој не беше повреден, но е забележана голема материјална штета.

Некои прогнози велат дека јадрото на ракетата, кое тежи околу 21 тон, ќе падне в сабота, на 8 мај, со веројатност делови да паднат на населени места, а американската влада предупредува на ова.

фотографијата е илустративна