12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТТОП ВЕСТИ

ФАО: Храната во светот поскапе и во април, 11-ти месец по ред

Светските цени на храната се зголемија во април, 11-ти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од мај 2014 година, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги мери месечните промени во кошницата со житарици, масло, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец се искачи на просечни 120,9 поени, поради зголемувањето на цените на шеќерот.

Индексот за март беше ревидиран нагоре на 118,9 поени од првично објавените 118,5 поени.

Организацијата, со седиште во Рим, во новиот извештај исто така наведува дека новите предвидувања укажуваат на раст на светското производство на пченица и пченка во следната сезона.

Спонзорирано: