21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Во Германија опаѓа бројот на новозаразени, се вакцинираат милион луѓе на ден

Германијa бележи понатамошен пад на новoзаразени со коронавирус, што за некои германски виролози е показател дека третиот пандемиски бран се повлекува.

„Мислам дека сме на добар пат. Во моментов вакцинираме околу милион граѓани на ден во Германија и ако продолжиме вака, има причина за оптимизам”, рече Сандра Циесек, директорка на Институтот за медицинска вирологија на Универзитетот во Франкфурт, во разговор за неделниот поткаст на јавниот сервис ГДР на тема пандемијата на коронавирусот.

Таа објасни дека факторите како што се засиленото вакцинирање и тестирање и променетото однесување на луѓето со доаѓање на потопло време и подолг престој на отворено заеднички влијаат на опаѓачкиот тренд на бројот на новозаразени.

Циесек ја повтори оптимистичката процена на здравствениот портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Карл Лаутербах, кој вчера рече дека летото ќе биде добро.

На промената укажува и сè поголемото олеснување на мерките во некои сојузни покраини.

Баварија на крајот на мај најави отворање хотели за престој на туристи, а и некои други сојузни покраини, како Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург, најавија отворање на угостителството.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, ги повика сојузните покраини претпазливо да се отворат во угостителската индустрија, што пред сè се однесува на понудата на отворено.

Оваа недела треба да бидат донесени и одредби со кои вакцинираните се изземаат од придржување кон мерките против пандемијата.

Спонзорирано: