7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО ја одобри вакцината на „Модерна“

Светската здравствена организација (СЗО) ja одобри вакцинaта на „Модерна“ за итна употреба.

Тоа е петта вакцина со одобрение на СЗО, што ќе го забрза одобрувањето за употреба на оваа вакцина од страна на националните агенции задолжени за контрола на лекови, објави „Ројтерс“.

Маринела Симао, помошник-генерален директор на СЗО, изјави дека е многу важно да има што повеќе одобрени вакцини со цел да се надминат одложувањата во испораките.

Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го прекина извозот поради разгорувањето на епидемијата.

СЗО сè уште размислува дали да ги одобри кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“, а одлуката е најавена за следната недела.

Спонзорирано: