Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Свет ТОП ВЕСТИ

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

фото Pixabay / илустрација

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска иднина, бидејќи вирусот мутира многу брзо во однос на нивото на вакцинација низ целиот свет, што ќе доведе до ново ширење на епидемијата.

Бројни светски научници сè повеќе се убедени дека пандемијата на коронавирусот нема да биде поразена благодарение на имунитетот на стадото, што веројатно никогаш нема да се постигне, што значи дека Ковид-19 ќе продолжи да постои.

Разочарувачката вест ја откри американскиот експерт Растом Еншија, еволутивен биолог од Универзитетот Емори, кој исто така предупреди дека луѓето треба да бидат подготвени за нови периодични епидемии затоа што вирусот мутира побрзо од вакцинацијата.

„Она што можеме да го направиме е да се обидеме да го направиме овој вирус сезонска зараза по секоја цена“, рече Еншија, нагласувајќи дека имунитетот на стадото не ја прави ниту една личност отпорна на вирусот.

„Епидемијата може да продолжи да се разгорува. Сепак, добар знак е дека може да се очекува дека вирусот повеќе нема да се пренесува толку лесно од човек на човек, што ќе придонесе за подобра заштита и на ранливите групи“, додаде американскиот експерт.

Според него, во рамките на научната заедница сè уште нема усогласено мислење за тоа колку точно луѓе треба да станат поотпорни на коронавирусот за да се каже со сигурност дека постои колективен имунитет.

„Се појавија бројки на 70 проценти од луѓето, но навистина не можеме да го кажеме тоа со сигурност. Тоа не е гаранција дека преостанатите 30 проценти нема да бидат заразени бидејќи короната сепак ќе биде таму“, истакна Еншија.

Истото го потврди и Ентони Фаучи, главниот американски епидемиолог.

„Луѓето мислат дека не можат да се заразат кога ќе се постигне имунитет на стадо. Заборавете го тоа за секунда. Вакцинирајте се и кога доволно луѓе ќе се вакцинираат, заразата ќе биде помала“, рече тој.