12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Почна масовната имунизација во Црна Гора

Во Црна Гора денеска почнува масовна вакцинација против Ковид-19, а ќе се организира на повеќе од 140 пунктови во сите општини.

Владата соопшти дека досега над 40.000 граѓани ја примиле првата доза на вакцината.

„Ревакцинирани се речиси 24.000 лица, а со доаѓањето на новиот контингент од 200.000 кинески вакцини ‘Синофарм’ се исполнети условите за масовна имунизација“, се вели во соопштението.

Владата ги потсети граѓаните дека почитувањето на мерките е неопходно во периодот помеѓу примањето на првата и втората доза на вакцината, како и петнаесет дена по ревакцинацијата.

Спонзорирано: