18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германски регулатор: Изградбата на „Северен поток 2“ може да продолжи на крајот на мај

Тужбата поднесена од германската добротворна организација за животна средина „Набу“ против изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ го запре издавањето работната дозвола од Федералната поморска и хидрографска агенција (БСХ), изјави за „Спутник“ прес-службата на регулаторот, додавајќи дека изградбата би можела да продолжи при крајот на месецов.

„Тужбата го оддолжи издавањето на дозволата. Барањето е насочено против втората изменета дозвола од БСХ од 14 јануари 2021 година. Со оваа дозвола, БСХ одобри поставување на гасоводот од закотвен брод помеѓу крајот на септември и крајот на мај на делот долг 16,5 км во ексклузивната економска зона на Германија во Балтичко Море“.

„Од крајот на мај ќе биде дозволено да се продолжи со изградбата на ‘Северен поток 2’ во согласност со сегашната регулатива. Во март 2018 година ‘Северен поток 2’ доби трајна дозвола за поставување на гасоводот од крајот на мај до крајот на септември“, соопштија од БСХ.

Во понеделникот „Набу“ презеде правни активности против проектот „Северен поток 2“, тврдејќи дека гасната врска може да го оштети чувствителниот морски екосистем на Балтичко Море.

„Северен поток 2“ ќе пренесува руски природен гас до Германија преку Балтичко Море. Проектот се состои од две линии од 1.230 км со комбиниран капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно.

Претходно годинава операторот изјави дека треба да се завршат само 148 км од гасоводот. Сепак, од почетокот на проектот тој се соочува со постојани напади од САД. Вашингтон ја исплаши ЕУ дека гасоводот ќе ја зголеми енергетската зависност на западна Европа од Русија и му наметна неколку рунди санкции на „Северен тек 2“.

Москва и Берлин, сепак, посочија дека гасоводот е чисто економски проект, додавајќи дека американските обиди да ја диктираат енергетската политика на Германија не се ништо друго освен нелојална конкуренција бидејќи САД се обидуваат да ѝ го продадат сопствениот ЛНГ на Европа.

Спонзорирано: