17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: САД ќе бидат вклучени во новата руска листа на непријателски земји

Москва прави список на непријателски земји, а Соединетите Американски Држави очигледно ќе бидат на овој список, откри Министерството за надворешни работи на Русија.

Црната листа е одговор на неодамнешните непријателски потези на Американците и нивните сојузници, пренесуваат руските медиуми.

Портпаролот на министерството, Марија Захарова, објасни дека работат на списокот на земји.

„Кои се непријателски земји? Списокот се составува сега“, истакна таа во интервју за ТВ каналот „Русија 1“.

„Како што знаете и можам да го потврдам тоа, САД се очигледно вклучени“, рече Захарова, без да ги именува другите вклучени земји.

„Според декретот неодамна потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, државите кои се прогласени за непријателски нема да можат да ангажираат руски граѓани да работат во нивните дипломатски и конзуларни претставништва“, додаде Захарова.

Нов дипломатски конфликт изби меѓу Москва и Вашингтон кон средината на април откако американскиот претседател Џо Бајден нареди протерување на 10 руски дипломати, обвинувајќи го Кремљ за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година и за вмешаност во минатогодишниот инцидент за сајбер-шпионажа. Санкционирани се и повеќе од 30 руски физички лица и организации, додека на американските компании им е забрането директно да купуваат акции.

Москва ги негираше сите тврдења на Вашингтон и возврати со тоа, протерајќи десет американски дипломати и воведувајќи мерки со кои им се забранува на американските фондови и невладините организации да се мешаат во внатрешните работи на Русија.

Набргу по американско-рускиот спор, Чешка и неколку други источноевропски земји најавија протерување на руски дипломати.

Спонзорирано: