13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Норвешка не вакцинира со „астразенекa“, ќе им позајми 216.000 дози на Шведска и Исланд

Норвешка, која привремено ја прекина употребата на вакцината на „Астразенекa“, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216.000 дози на нивно барање, објави норвешкото Министерство за здравство во четвртокот.

„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината на ‘Астразенекa’ во Норвешка е ставена во мирување“, рече во изјавата министерот за здравство Бент Хеј.

Тие 216.000 дози вакцини од англо-шведската лабораторија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200 000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16 000 кон Исланд.

„Ако продолжиме да ја користиме ‘астразенекa’, тие ќе ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хеј.

Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи „астразенекa“ на 11 март за поблиску да ги проучува нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.

Од 134.000 администрирани инјекции во Норвешка, пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле смртни, се пријавени кај релативно млади здрави лица. Друга вакцинирана жена починала од мозочно крвавење.

Спонзорирано: