23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

„Коперник“: 2020 била досега најтоплата година во Европа

Лани во Европа е забележана најтоплата година откако се спроведуваат мерења, а Арктикот имал лето со екстремни пожари, најмногу поради тенката снежна покривка, што се последици од интензивирањето на климатските промени, соопшти денеска службата за набљудување на ЕУ, „Коперник“.

Службата за научно набљудување на ЕУ објави дека просечната температура во Европа во 2020 година била највисока досега и за најмалку 0,4 Целзиусови степени пред следните пет најтопли години, од кои сите се регистрирани во последната декада, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Температурите се во пораст во текот на сите годишни времиња во Европа“, вели Фреја Вамборг, виш научен советник во службата.

Таа исто така соопшти дека била забележана „спектакуларна“ година и на Арктикот, а како пример наведе дека рекорден број шумски пожари во текот на летото биле забележни на Сибир, за што најмногу придонеле високите температури и пониската снежна покривка.

Минатогодишната зима на арктичкиот Сибир била за 4,3 Целзиусови степени потопла од просечната зимска температура во периодот од 1981 до 2020 година, а во цела Европа за 3,4 во однос на истиот просек.

„Коперник“ исто така објави дека 2020 година е една од трите најтопли регистрирани години во целиот свет, со што се потврдија наодите објавени неделава од страна на Светската метеоролошка организација.

Спонзорирано: