Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18469 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни.
Тој за телевизија Сител истакна дека зависно од бројот на нови случаи и хоспитализации, следната недела ќе се носи одлука дали полицискиот час и рестриктивните мерки ќе останат и за време на празниците.
Уште еднаш повика за пријавување за вакцинацијаи додаде дека динамиката на вакцинирање ќе биде забрзана кога ќе пристигнат кинеските 200 000 дози.
Спонзорирано: