7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

Примал плата 15 години, но никогаш не се појавил на работа

Еден човек, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанзаро, добивал плата 15 години без никогаш да се појави на работа.

Тој беше вработен во одделот за итни интервенции во случај на пожар, а за тоа време заработи повеќе од половина милион евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а со цел да обезбеди такво нешто, Салваторе повеќепати испраќал „трето“ лице на кое јасно му се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства, ако не дозволат Салватор да не работи и да прима плата, пренесува Анса.

Обвинителството ги истражува деталите за случајот, а покрај „серискиот неработник“, како што дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

Спонзорирано: