7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Маж во Австралија добил тромб три дена откако примил вакцина на „Фајзер“

Еден полициаец е префрлен во болница во австралискиот град Бризбејн, во североисточната држава Квинсленд, поради згрутчување на крвта, три дена откако ја прими вакцината против коронавирус на „Фајзер“, објави мрежата „9 њуз“ .

Кај 40-годишниот маж, кој патролирал во хотелите во Квинсленд кои се во карантин, се појавила длабока венска тромбоза по операцијата на коленото.

Сепак, тој бил пуштен од болницата и се вратил на работа.

Вицепремиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс, за новинарите изјави дека во тек е итна истрага за да се утврди дали тромбот е поврзан со вакцината на „Фајзер“.

Австралија претходно препорача вакцинирање на лица помлади од 50 години со вакцината на „Фајзер“, а не со вакцината на „Астразенека“, за која се покажа дека носи зголемен ризик од згрутчување на крвта, потсетува „Спутник“.

Спонзорирано: