12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕУ плаќа 15,50 евра за една доза од вакцината на „Фајзер-Бионтек“

Европската Унија се согласи да плати во просек 15,50 евра (18,60 долари) за една доза од вакцината на „Фајзер-Бионтек“, објави денес шпанскиот весник „Вангардија“.

Весникот објави копија од документот на својата веб-страница, за која тврди дека всушност е договор што Европската комисија го потпишала во ноември, пренесува агенцијата АП.

Со договорот за 200 милиони дози, со можност за купување нови 100 милиони дози, беше договорено цената на првите 100 милиони дози да биде 17,50 евра (21 долар).

Во исто време, цената на останатите 100 милиони дози е утврдена на 13,50 евра (16,20 американски долари), додека опционите 100 милиони дози чинат 15,50 евра (18,60 долари).

Минатиот месец, ЕУ потпиша друг договор за уште 200 милиони дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“.

Европската комисија, која преговара за договори за вакцини со фармацевтски компании, одби да открие колку ЕУ плаќа за вакцините.

Вакцината на „Фајзер-Бионтек“ е една од четирите вакцини што во моментов се користат во ЕУ.

Спонзорирано: