11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека имал состанок со директорите на кликите и на ковид центрите на која била направена евалуација на состојбата од Ковид-19 во однос на хоспитализациите за време на викендот, па се до денеска.

Според него, состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

„Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, додаде министерот, без да потенцира, дали Комисијата за заразни болести ќе ги продолжи рестриктивните мерки.

Неофицијално, се очекува мерките да продолжат уште една недела, односно полицискиот час да трае од 20 од 5 часот, а угостителските објекти да останат затворени, но официјална одлука нема.

Спонзорирано: