4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент на забава во САД – подот од куќата пропадна во подрумот, повредени над 30 луѓе

Најмалку 30 луѓе се повредени на забава кога се урнал подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија.

Полицијата соопшти дека повеќе од 500 луѓе биле на забавата во близина на Универзитетот во Џорџија, пренесува АП.

Гостите претрпеле бројни повреди, од расекотини до скршени раце, кога подот паднал под пониско ниво во подрумскиот простор под куќата.

„ Можеше да биде многу полошо, треба да бидеме благодарни што испадна вака“, рече капетанот на противпожарната служба, Нејт Мос и додаде дека ваквите несреќи се чести кога има премногу луѓе во старите згради.

Улицата каде се наоѓа куќата беШе преполна со возила и луѓе кои излегоа надвор да видат што се случило, па противпожарните возила едвај успеаја да се пробијат до местото на несреќата, рече капетанот.