20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Жена во Австралија почина откако била вакцинирана со „астразенека“

Австралиските власти денес го објавија првиот смртен случај во земјата по вакцинирањето со „астра зенека“.

Регулаторната агенција соопшти дека 48-годишната жена добила згрутчување на крвта по вакцинацијата и починала, и дека постои веројатна врска помеѓу нејзината смрт и вакцината.

Ова е трет случај на згрутчување на крвта по вакцинирање со „астра зенека“ во Австралија, а процесот на опоравување кај другиоте две лица оди добро.

Една жена од Нов Јужен Велс беше вакцинирана со вакцината на „Астра зенека“на 8 април, денот кога владата објави дека е добро да се вакцинираат лица помлади од 50 години со вакцината на Фајзер.

48-годишното лице имало некои претходни болести, како што е дијабетес, пишуваат агенциите.

Австралиската агенција за истражување на безбедност на вакцините изјави дека во ова време, поради недостаток на друга можна причина за згрутчување на крвта, треба да се претпостави каузална врска со вакцинацијата.

Досега во Австралија се дадени најмалку 885.000 дози од вакцината на „Астра зенека“, што значи дека досега е регистриран еден случај на формирање на тромб на 295.000 администрирани дози, анализираат властите.

Спонзорирано: