4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рот: Цртањето нови граници на Балканот е опасен пат

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот, изјави дека цртањето нови граници е опасен пат реагирајќи на предлогот на словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Тој исто така рече дека иднината на земјите од Западен Балкан е само во мултикултурните и мултирелигиски општества.

„Земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиски општества. Регионалното помирување и соработка се клучевите на мирот, демократијата и просперитетот. Поставувањето нови граници е опасен пат”, рече Рот.

Германскиот државен секретар на тој начин се приклучи на официјалниот став на ЕУ дека на Западен Балкан треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на промена на границите.

Германскиот министер за европски прашања реагира на нон-пејпер предлогот на словенечкиот премиер Јанез Јанша за промена на границите на Балканот, во кој се споменува обединување на Албанија со Косово и дел од Македонија, како и одвојувањето на Република Српска од БиХ.