11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Меркел побара полициски час во парламентот, но наиде на отпор

Германската канцеларка, Ангела Меркел, апелира до пратениците да одобрат нови овластувања што ќе ѝ овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час.

И покрај тоа што Меркел нагласила дека поголем број Германци се за рестриктивни мерки, нејзиниот апел наишол на отпор во парламентот.

„Третиот бран на пандемијата цврсто не зафати“, рече Меркел, чиј говор во Бундестагот го прекинаа пратениците од десничарската Алтернатива за Германија, која се противи на блокадата.

Меркел истакнала дека здравствените работници едвај го издржуваат притисокот.

„Медицинските лица за интензивна нега испраќаат повик за помош, еден по друг. Кој може да ги игнорира нивните барања“, праша Меркел.

Нејзината влада сака парламентот да го измени Законот за заштита на заразните болести за да им овозможи на федералните власти да спроведат ограничувачки мерки, дури и ако регионалните лидери се спротивстават на тоа, со надеж дека ќе го намалат притисокот врз работниците за интензивна нега.

Воведувањето полициски час и давањето моќ на канцеларката да воведе мерки во 16 германски покраини наиде на критики во рамките на конзервативниот блок, член на Меркел, а анкетите покажуваат дека таа може да го доживее најлошиот резултат досега на парламентарните избори во септември.

Лидерот на парламентарната група Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, рече дека новите мерки се невиден напад врз темелите на демократската слобода.

Спонзорирано: