13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во најава голема студија за првите таблети против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Мерк“ денеска објави дека планира да направи голема студија со цел да ја создаде првата таблета против коронавирусот, со што би се спречиле потешките форми на болеста.

Компанијата исто така соопшти дека повеќе нема да користи експериментални антивирусни лекови кај хоспитализирани пациенти.

Фармацевтската компанија објави дека ќе го испита лекот молнупиравир во трета фаза, меѓу пациенти надвор од болниците кои имаат барем еден фактор што укажува на потенцијален лош тек на болеста, како што се возраста, дебелината или дијабетисот.

Учесниците во студијата може да имаат симптоми не подолго од пет дена.

„Имавме неколку охрабрувачки сигнали кај лица кои не се пациенти. Тоа не беше случај со тековните пациенти, но такво нешто и не беше очекувано“, рече главниот медицински директор на „Мерк“, Рој Бејнс.

Спонзорирано: