14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на сиромашните земји

Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на посиромашните земји откако престана да ја користи во земјата поради загриженост за формирање ретки крвни згрутчувања, изјави директорот на СЗО за Европа.

Данска стана првата земја што го прекина користењето на вакцината на „Астра зенека“ оваа недела, а европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити што се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.

Светската здравствена организација (СЗО), која заедно со британските и европските медицински агенции продолжува да ја препорачува употребата на вакцината, велејќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, исто така врши притисок врз земјите да не складираат вакцини доколку не ги користат.

„Вчера разговарав со Сорен Бростром, директор на данското здравствено тело и сфатив дека данското Министерство за надворешни работи е подготвено или веќе разгледува опции за споделување на вакцината на ‘Астра зенека’ на посиромашните земји“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пред новинарите.

Спонзорирано: