21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Словенија ги олабавува мерките против Ковид-19

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 891 лице зарзени од коронавирус, што е за 340 случаи помалку од претходниот ден, објави владата, а поради подобрувањето на епидемиолошката состојба, ќе се дозволат храна и пијалаци на отворено во повеќето делови од земјата.

Во моментот во болниците има 642 пациенти со Ковид-19, од кои 150 се на интензивна нега, објавија официјалните служби.

Уште седум лица починаа како резултат на Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 4.142 лица.

Кампањата за вакцинација продолжува успешно, па според последните податоци на Министерството за здравство, досега се вакцинирани 351.020 лица или 16,7 проценти, од кои 126.764 со обете дози.

Благодарение на подобрената епидемиолошка состојба по 11-дневното затворање, кое заврши во неделата, словенечката влада дозволи отворање тераси на ресторани во 8 од 12-те статистички региони.

Одлуката ќе важи од следниот понеделник и ќе трае најмалку до 25 април. Угостителите ќе може да сервираат храна и пијалаци од 7 до 19 часот, во согласност со хигиенските и антиепидемиските услови и оддалеченост од 1,5 метар меѓу гостите и растојание од три метри помеѓу масите на отворените простории на нивните простории.

Угостителите, кои беа практично затворени од почетокот на минатата есен, не се задоволни од тоа и тврдат дека продолжувањето на угостителството, секторот што претрпе најголема штета во епидемијата, треба да биде дозволено во целост.

Повторното отворање градини и тераси за угостители носи дополнителен оптимизам, рече државниот секретар во Министерството за економија, Симон Зајц, предупредувајќи ги угостителите дека од нив зависи колку ќе трае концесијата и ги повика строго да се придржуваат до пропишаните услови за работа.

Спонзорирано: