20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД воведоа санкции кон Русија и протераа 10 руски дипломати

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции кон Русија, кои опфатија повеќе од 30 лица и компании и одлучија да протераат 10 руски дипломати.

Причината за воведување нови санкции, како што тврди Вашингтон, е мешањето на Москва во американските избори во 2020 година и сајбер-нападот за кој американската влада ја обвинува Русија, пренесуваат агенциите.

Нападот врз софтверот на компанијата „Солар виндоус“ им овозможи на хакерите пристап до илјадници компании и владини агенции што го користат тој софтвер.

Спонзорирано: