3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Норвешка ја одложи одлуката за вакцината на „Астра зенека“

На Норвешка ѝ треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината на „Астра зенека“ или да ја исклучи од програмата за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство, Бент Хеј.

Норвешкиот институт за јавно здравје препорача да се прекине употребата на вакцината на „Астра зенека“, но на владата ѝ требаат повеќе информации пред да донесе конечна одлука.

Властите ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крварење и ниско ниво на тромбоцити, а некои од нив починаа.

„Владата верува дека нема доволно добра основа да постигнеме конечен заклучок дека вакцината треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент“, рече Хеј.

Тој додаде дека владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци и до 10 мај ќе достави извештај.