23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Клуге: Во Европа секоја минута 160 новозаразени од коронавирус

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денес објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа минатата недела надмина еден милион луѓе.

„Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи од коронавирус во европскиот регион. Ситуацијата во нашата земја е сериозна: ние бележиме 1,6 милион нови случаи секоја недела, што е 9.500 на час или 160 лица во минута“, рече Клуге во изјавата.

Тој додаде дека само кај најстарите има пад на бројот на заболени.

„Во претходните два месеца трендот кај луѓето постари од 80 години е променет во споредба со сите други возрасни групи, веројатно се должи на големиот број вакцинирани кај ризичните групи. Од февруари бројот на луѓе што умираат од Ковид-19 над 80 години постепено опадна за 30 проценти, што е најниско ниво од почетокот на пандемијата”, открива Клуге.

Бројот на хоспитализирани сѐ уште е голем во добар дел од Европа, вели тој.

„Овој април приемите во болницата и во единиците за интензивна нега во Франција го достигнаа највисокото ниво од минатата година. Постојат мали индиции дека пренесувањето е забавено во некои земји. Да бидеме јасни, раните знаци на намалување не се исти со ниските стапки на пренесување на коронавирусот. Заразноста мора да се намали на ниско ниво, со вложување на нашата енергија и отпор да го победиме вирусот“, заклучи Клуге.

Спонзорирано: