10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германската влада ќе побара привремени овластувања од Бундестагот

Откога неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирусот, владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања за да може да спроведува мерки на блокада во целата земја.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од зараза, со цел на федералната влада да ѝ се дадат поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации.

Новиот закон, кој ќе овозможи поголеми федерални овластувања, вклучително и воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро, ќе се применува во ситуации кога бројот на заразени на 100.000 жители три дена по ред надминува 100.

Спонзорирано: