19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи за „Слободен печат“: Со 2 милиони евра директна финансиска поддршка ја враќаме креативноста на ивент индустријата

Клучни критериуми се за содржините да се ангажираат исклучиво домашни артисти и изведувачи, за во целост да се поддржи домашната сцена и настаните да се на тема од висок јавен интерес со што ќе придонесеме и кон националната гордост, кон она што е наше обединување и највисок државнички интерес – а тоа оваа година е јубилејот 30 години независност на нашата татковина Северна Македонија како и 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, вели Битиќи за „Слободен печат“.

Ивент индустријата во Македонија е една од најпогодените во пандемијата и во неколку наврати преку протести и директни средби бараше решение и вклучување во пакетот антикризни мерки на Владата. Поради непредвидливиот фактор кој пандемијата го носи, Владата носеше мерки на секои 3 – 4 месеци, за да може да таргетира помош онаму каде што во моментот е најпотребна и никој да не биде изоставен.

Во последниот 5ти пакет, Владата креираше наменска мерка за директна поддршка на економската гранка за организација на настани или уште позната како “ивент менаџмент индустрија”.

-Обезбедивме еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани, за чија реализација очекуваме да бидат ангажирани повеќе од 100 компании како организатори и подизведувачи и изнајмувачи на техника, но и ангажман на изведувачи, уметници, музичари, артисти, културни работници, фотографи, сниматели, продуценти, техничари и други професии кои вообичаено се ангажираат во и околу ивент индустријата , вели за „Слободен печат“ Фатмир Битиќи, вицепремиер во Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.

Целиот текст на Слободенпечат.мк

Спонзорирано: