14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Вучиќ: Србија го сруши сопствениот рекорд, 75.000 вакцинирани за еден ден

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на видеото објавено на Инстаграм изјави дека Србија го срушила сопствениот рекорд по бројот на вакцинирани во четвртокот.

Вучиќ им се заблагодари на граѓаните кои „одговорно донеле одлука да се заштитат себе си, своите најблиски, но и на сите други со кои ќе стапат во контакт“.

Тој рече дека повеќе од 75.000 вакцинирани лица денес се „резултат со кој дури и најразвиените земји во Европа и светот не можат да се пофалат пропорционално на бројот на жители“.

Вучиќ рече дека целта е Србија да има над 2,8 милиони вакцинирани и 2,2 милиони вакцинирани до крајот на мај, а над три милиони вакцинирани и превакцинирани до крајот на јуни.

Спонзорирано: