17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Загреб / Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Хрватска речиси двојно поголем број на новозаболени од коронавирус

Според денешниот пресек на епидемиолошката состојба во Хрватска, бројот на новозаразени со коронавирус е двојно зголемен во споредба со претходниот (повеќе од 3.200), а епидемиологот Бернард Каиќ предупреди дека е исто толку лош како и на почетокот на вториот бран на крајот на минатата година.

„Мислам дека затворањето на терасите е една од работите што ќе се најдат на маса“, рече Каиќ за загрепската Н1 телевизија.

Во однос на вакцината на „Астразенека“, Каиќ посочува дека во Хрватска немало случаи на тромботична тромбоцитопенија.

Тој додаде дека во моментов нема доволно податоци за промена на препораките во врска со оваа вакцина.

Премиерот Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека имунизацијата со таа вакцина ќе продолжи во Хрватска, по објавувањето на најновото мислење на Европската агенција за лекови.

Спонзорирано: