18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕМА: Можна е врска меѓу „астра зенека“ и згрутчувањето на крвта

Европската агенција за лекови денес објави дека постои можна врска помеѓу вакцината на „Астра зенека“ и реткото формирање тромби, но останува позитивно што здравствените придобивки од оваа вакцина го надминуваат ризикот од можни последици.

ЕМА во својата последна процена заклучува дека постои можност за формирање ретки тромби, во комбинација со низок број тромбоцити, во рок од две недели по вакцинирањето со вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19.

ЕМА тврди дека придобивките од вакцината на „Астра зенека“ во заштитата на луѓето од ефектите на Ковид-19 ги ​​надминуваат ризиците од можни последици.

„Ковид-19 е сериозна зараза со голем број хоспитализации и смртни случаи. Оваа вакцина се покажа како многу ефикасна во спречување на сериозните последици од инфекцијата и во спасувањето животи“, изјави извршниот директор на ЕМА, Емер Кук.

Во исто време, таа нагласи дека ЕМА заклучила оти формирањето ретки згрутчувања на крвта по вакцинацијата со „астра зенека“ треба да се наведе како можен несакан ефект на оваа вакцина.

„Можно објаснување за овие ретки несакани ефекти е имунолошкиот одговор на вакцината, што доведува до слична состојба што ја имаат пациентите со тромбоцитопенија третирана со хепарин“, објасни Кук.

ЕМА наведува дека повеќето од пријавените случаи на згрутчување на крвта по аплицирањето на дозата од „астра зенека“ се случиле кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето.

Тие посочуваат дека луѓето што примиле вакцина треба веднаш да побараат лекарска помош доколку забележат симптоми, како што се отежнато дишење, болка во градите, оток на нозете, постојана болка во стомакот, силни и постојани главоболки или заматен вид, како и мали дамки крв под кожата надвор од местото на инјектирање.

ЕМА досега спроведе детаљна ревизија на 62 случаја на тромбоза на церебрален венски синус и 24 случаи на венска тромбоза пријавени во ЕУ заклучно со 22 март годинава, од кои 18 беа фатални.

Спонзорирано: