13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ доби подарок две кученца ФОТО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доби подарок две кученца од наследникот на тронот во Бахреин, шеикот Насер бин Хамад Ал Калифа.

“Најубавиот подарок од мојот пријател Насер бин Хамад Ал Калифа, две кутриња салуки. Tryе се обидам да ги чувам во Јајинци, да се грижам за нив. Ви благодарам многу, драг пријател”, напиша Вучиќ.

Да потсетиме, шеикот од Бахреин, пратеник на кралот за хуманитарна работа, младински прашања и советник за национална безбедност, престојуваше во дводневна посета на Србија, прва откако претседателот Вучиќ ја посети таа земја минатиот месец.

Вучиќ, патем, е првиот претседател на Србија што допатува во официјална посета на Бахреин, по што следи посета на претставник на кралот на Бахреин.

Спонзорирано: