11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Вучиќ: Ќе се вакцинирам следната недела во некое од помалите места во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на прашањето кога ќе биде вакциниран против коронавирусот.

„Реков кога ќе ја надминеме бројката од еден милион вакцинирани и со двете дози, а очекувам тоа да биде в понеделник или вторник“, рече тој, пренесува „Б92“.

Според него, забележителна стагнација има кај бројот на новозаразени во Белград, каде што има најголем број вакцинирани и со двете дози, а бројот на заболени во јужна Србија расте. Затоа, како што додаде, вакцината ќе ја прими во некое помало место, каде што ќе ги покани сите да се вакцинираат.

„Во неделата кога ќе се вакцинирам, ќе видите дека ќе вакцинираме 500.000 луѓе. Постојано велат дека лобито против вакцинацијата е големо, не е, треба да им одите на луѓето во селото бидејќи тие помалку се грижат за себе за разлика од оние во градот“, рече Вучиќ.

Спонзорирано: