13 C
Скопје
18. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет ТОП ВЕСТИ

“Некои мислат дека најлошото помина, но тоа не е точно”

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земја со олабавување на епидемиолошките мерки да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу земји.

Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19, неделава конечно го имаше почетокот на кампањата за вакцинација во земјите кои досега ја немаа.

-Ова е напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е се уште релативно мал, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус.

Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека се уште не е време да се релаксираме.

-Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно, рече тој на прес-конференција во Жeнева.

„Ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран“, предупреди тој.