13 C
Скопје
18. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Пукање во Топанско Поле: Двајца мртви – изрешетани со калашников додека седеле во автомобил

Двајца мртви е епилогот од пукотниците кои утринава се случиле во скопската населба Топанско Поле, дознава „А1он“.

Од порталот наведуваат дека целата населба е затворена од страна на полициски екипи, а на лице место е излезен обвинител и се врши увид на местото на несреќата.

Според првичните неофицијални информации, настанот се случил околу 3 часот утринава, кога напаѓачите излегле од возило и со пиштол и со автоматска пушка ‘калашников’ пукале во две лица кои седеле во паркирано возило.

Засега се непознати причините и мотивот за убиството на двете лица.

Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство.