23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулканот Пакаја повторно активен

Повторно се активира вулканот Пакаја кој се наоѓа на 2.522 метри надморска височина, на 20 километри од главниот град на Гватемала.

Вулканот испушта емисија на топла лава и облаци чад а експертите и властите внимателно ја следат неговата зголемена активност заради можни опасности за жителите кои живеат во близина.

„Вулканот Пакаја има многу високо ниво на активност, со силни експлозии“, се вели во соопштението на Гватемаласкиот институт за сеизмологија, вулканологија и метеорологија.

Ројтерс известува дека засега не е наредена евакуација на околу 3.000 жители кои живеат во близина.

Портпарол на владината агенција за управување со катастрофи, Давид де Леон, рече дека тимовите за цивилна заштита вршат увид во неколку објекти кои можат да се користат како засолништа во случај на зголемена опасност од врела лава.

Спонзорирано: