3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Европската агенција за лекови сепак размислува за одобрување на руската вакцина

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека започнала со разгледување на документацијата за вакцината „Спутник В“, што ја изработи рускиот институт Гамалеја, со цел да ја одобри лиценца за употреба во Европската унија.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на „Спутник В“ со стандардите на ЕУ во однос за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува „РИА Новости“.

Медиумите пишуваат дека ваквата одлука на Евроспката агенција за лекови следува по низата критикии за бавната набавка и дистрибуција нба вакцини во земјите на ЕУ.

Претходно, Русија на ЕУ ѝ понуди 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, но доби ладен туш од Брисел, од каде на компанијата што стои зад „Спутник В“ ѝ беше кажано дека нивната вакцина не влегува во стратегијата за борба против коронавирусот на Европската унија.

Спонзорирано: