14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Загреб 25 % од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска, таа бројка е околу 20 проценти, рече Јасмина Вранеш, раководител на референтниот центар за тестирање на вирусот во Хрватска.

Таа посочи дека поради тоа се воведуваат промени во дијагностиката, првенствено насочени ПЦР тестови, кои можат да откријат нови варијанти на вирусот и чии резултати се добиваат за неколку часа.

„ Ние ги користиме овие нови тестови на патници од други земји и лица со сомневање за реинфекција на коронавирус, а дополнително ги користиме како таканаречен тест за надѕор, што значи дека 20 до 50 проценти од примероците позитивни на „обичниот“ ПЦР тест се дополнително тестирани за нови варијанти на вирусот, а после тоа е направено потврдно геномско секвенционирање“ објасни Вранеш за „Јутарњи лист“.

Таа потсети дека, покрај британскиот, во Хрватска се регистрирани и јужноафрикански и њујоркшки, за кои исто така е утврдено дека брзо се шират.

Нови тестови во Хрватска не се вршат на првото тестирање, туку од позитивните случаи на стандардниот ПЦР тест се зема дел од примероците за да се потврди некој од новите варијанти на вирусот. Постапката на тој начин е забрзана, но и поевтина, бидејќи секвенционирањето е многу поскапо, комплицирано и трае подолго.

Хрватска потврди дека е заинтересирана за купување на руската вакцина „спутник В“, објави синоќа Руската амбасада во Хрватска на својата „Фејсбук“ страница и профилот на „Твитер“.

Амбасадата наведува дека рускиот амбасадор во Хрватска, Андреј Нестеренко и хрватскиот министер за здравство, Вили Берос разговарале вчера на телефон и дека „потврдиле дека хрватската страна е заинтересирана да ја купи потребната количина на вакцината „спутник В“ од Русија, во согласност со сите регулативи и одредби на ЕУ од Законот на Република Хрватска “.

Спонзорирано: