4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Италија сите училишта во црвената зона се затвораат

Владата на Италија нареди затворање на сите училишта во области со висок ризик, бидејќи последните податоци покажуваат дека повеќе од 50 проценти од случаите на коронавирус се поврзани со нов, многу заразен британски вид.

Сите училишта во областите со висок ризик во сабота ќе се префрлат на учење на далечина, бидејќи досега беа затворени само средните училишта во таканаречените црвени зони.

Новите податоци објавени од државниот здравствен институт покажуваат дека 54 проценти од случаите со новиот коронавирус во Италија се предизвикани од британскиот вид.

„Британскиот вид се шири особено брзо кај помладата популација“, рече министерот за здравство Роберто Сперанца .

„Затоа донесовме одлука сите училишта во црвените зони да се префрлат на учење од далечина“, рече тој.