7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Јасно е дека спрегата „Мериот“ – белата палата сѐ уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ преку соопштение информираат дека изминативе недели Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ често биле во хотелот „Мериот“.

„Белиот дворец е во паника по донесената пресуда за предметот Тврдина-Таргет’ бидејќи Мицкоски не успеа да го спаси и заштити криминалот на режимот. Правдата е тука, законите важат за сите еднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните. Јасно е дека спрегата ‘Мериот’ – белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Според нив, на граѓаните останува да проценат зошто партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму во „Мериот“ и дали тоа можеби е поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијалков, кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од партијата на власт.

Додаваат дека Мицкоски е најповикан да одговори дали се среќавал и со Сашо Мијалков и, според нив, правдата и силната реакција на институциите го спречиле сценариото на Мицкоски, Груевски и на Мијалков.

Спонзорирано: