13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Пресврт во Германија, на лицата над 65 години ќе им биде дозволено вакцинирање со вакцините на „Астра зенека“

Здравствени советници на германската влада сугерираат дека земјата набргу може да им овозможи на лицата над 65 години да се вакцинираат со вакцините на „Астра зенека“. Ова е важен сигнал што доаѓа во време кога голем број земји од Европската Унија имаат на располагање голем број дози од оваа вакцина.

Томас Мертенс, претседател на Германската комисија за вакцинација, изјави дека многу бргу ќе издаде изменета препорака.

Неговите коментари доаѓаат во време кога неискористените дози од вакцината на „Астра зенека“ се натрупуваат во магацините во цела Европа, а сомнежите за ефикасноста на вакцината се шират во голем број европски земји, вклучувајќи ги Франција и Германија.

Од саботата, според последнитре информации на германските медиуми, Германија користела само 363.645 дози од вакцината на „Астра зенека“, а во исто време тие имаат дури 1,45 милион дози.

Регионалните здравствени власти предупредуваат дека илјадници Германци не дошле на договорениот датум за вакцинација кога дознале дека планираат да ги вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“.

Спонзорирано: