3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски брод во Оманскиот Залив и вети одговор против иранските интереси во целиот регион.

„Тоа беше иранска операција. Тоа е јасно“, изјави Нетанјаху за радиото „Кан“.

На прашањето дали Израел ќе одговори, тој ги повтори претходните изјави за одлучност да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје додавајќи: „Што се однесува до мојот одговор, вие ја знаете мојата политика. Иран е најголемиот непријател на Израел и јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион“.

Техеран не го коментира инцидентот, ниту одговори на претходните израелски тврдења дека може да биде вмешан во експлозијата.

Израелскиот брод „МВ Хелиос Реј“ сообраќал на релација помеѓу саудиски Дамам и Сингапур, а експлозијата се случила крај брегот на Оман, објави компанијата „Дријад глобал“ задолжена за поморска безбедност.

Оманскиот Залив се наоѓа помеѓу Иран и Оман, на излезот од стратешката Ормушка теснина, низ кој поминува добар дел од светската нафта и во кој дејствува коалиција предводена од САД.

Нетанјаху во моментот води кампања за изборите на 23 март.

Радиото го емитува интервјуто по синоќешните напади што му се припишуваат на Израел, а беа извршени против проирански цели во соседна Сирија.

Бидејќи интервјуто било снимено порано, за овие напади нема коментар.

Спонзорирано: