13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Финска прогласи вонредна состојба поради зголемен број инфекции со коронавирус

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на новозаболени, а овој потег ќе им овозможи на властите да затворат ресторани и да преземат други мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Одлуката е донесена заради новите видови коронавирус кои го забрзаа ширењето на инфекции во нордиската земја, која веќе ги затвори своите граници, пишува Ројтерс.

Вонредната состојба исто така ќе и овозможи на владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.

„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин.

„Сега секој има шанса да влијае на тоа како ќе изгледаат пролетта и летото“, додаде таа.

Неколку фински региони забележаа брз раст на нови инфекции во последните две недели. Жешки жаришта беа создадени меѓу скијачите во Лапонија, работниците во бродоградилиштата и градежништвото.

Финска досега беше меѓу најмалку погодените европски земји од пандемијата.

Спонзорирано: