13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Боинг“ се согласи да плати казни од 6,6 милиони долари

„Боинг“ се согласи да плати казни од 6,6 милиони долари, објави Федералната управа за авијација на САД (ФАА).

Ова се случи кога регулаторот на авијацијата утврди дека компанијата не го почитува безбедносниот договор од 2015 година.

Казните вклучуваат 5,4 милиони долари за непочитување на договорот, во кој „Боинг“ се обврза да ги промени своите внатрешни процеси и 1,21 милион долари за уште два случаја.

„Боинг“ не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодба врз основа на кој ФАА вклучи дополнителни казни“, соопштија од ФАА.

Компанијата во 2015 година плати 12 милиони долари како дел од спогодбата.

Спонзорирано: