21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Бил Гејтс ја прими и вторта доза на вакцината против коронавирусот, но маска сѐ уште ќе носи – сака да биде пример

Бил Гејтс ја прими втора доза на вакцина против коронавирусот пред една недела, потврди тој за време на интервју на социјалната мрежа Клабхаус во средата.

Но, иако основачот на Мајкрософт е целосно вакциниран, тој вели дека ќе продолжи да ги следи мерките и препораките како што е носење заштитна маска.„Сакам да бидам пример за другите“, му рече Гејтс на Ендру Рос Соркин во едно интервју:

„Ако се вакцинирате, сеуште можете да ја пренесете инфекцијата. Нема да престанам да носам маска и да бидам внимателен, особено околу старите луѓе кои не се вакцинирани“, потенцираше Гејтс.

Додаде дека иако вакцините на Модерна и Фајзер спречуваат тешки компликации и смрт од COVID, во оваа фаза не е јасно дали го спречуваат и преносот на вирусот.

„Дури во пролет или лето ќе може да се опуштиме“, вели Гејтс и додаде дека планира да носи маска и во текот на есента додека да се спречи ширењето на вирусот во целост, пренесува порталот Make it.

Спонзорирано: