5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриско-словенечкиот премин затворен поради технички проблеми

Тунелот „Караванке“, главниот патен граничен премин меѓу Словенија и Австрија, е затворен за сообраќај во двата правца од раните утрински часови поради технички проблеми, а колона камиони од речиси 5 километри е пред тунелот од словенечката страна, информираат официјалните служби.

Според последните информации, сообраќајот бил прекинат синоќа околу 1.20 часот по полноќ по падот на два сервера преку кои се следи и контролира состојбата во тунелот.

Сè уште не е јасно кога ќе се отстрани дефектот, затоа возачите се повикуваат да користат алтернативни рути до тогаш. Патнички автомобили може да ги користат алтернативните премини.

Спонзорирано: