4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТ

Курц и Путин разговараа за заедничко производство на руската вакцина

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за испорака и заедничко производство на вакцината „Спутник В“.

Како што беше објавено во Виена, двајцата лидери зборувале за испорака на руската вакцина, веднаш штом ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Според медиумите, засега е нејасно дали веќе е поднесено барање за одобрување на вакцината „Спутник В“ до ЕМА. Додека Кремљ тврди дека такво барање е поднесено, во ЕМА нема постапка за одобрување на вакцината.

Австрија, заедно со Израел и Норвешка, се залагаат за заедничко производство на руската вакцина.

На почетокот на месецот, Курц истакна дека дискусијата за вакцината мора да се спроведе без геополитички ограничувања.

Тој посочи дека Австрија, по одобрувањето, ќе се обиде да ги направи достапни производните капацитети во земјата за производство на руски или кинески вакцини.