4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ангела Меркел: Се воведуваат сертификати за вакцинација

Ангела Меркел вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата, најверојатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рече Ангела Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува преку Интернет, пренесува Ројтерс.

Германската канцеларка додаде дека на Европската комисија ќе и требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи.

Шефовите на држави и влади на Европската унија последен пат зборуваа пред четири недели. Стратегијата за вакцинација, сузбивање на мутации на вируси, ограничувања на патувања и потврди за вакцинација беа на дневен ред. На денешната видео конференција, темите се, како што е најавено, – потполно исти.